Петков прими делегација на „македонски бугари“: Ќе штител права на непостоечка етничка заедница
Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.
Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.
Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…