Се скарал со семејството, се заканувал па ги запалил

t

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на 25 февруари со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето. Тој со бекатонска плочка го скршил прозорецот од приземјето на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата.

Во моментот во домот бил ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки. Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој може да се крие или да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…