Путин со закана: Секој што ќе воведе забрана за летови над Украина, ќе биде соучесник
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва „ќе ја смета секоја земја што би сакала да воведе зона на забранети летови над Украина за учесник во конфликтот“.
Путин се осврна на барањата на Украина до Западот и НАТО за воведување зона на забранети летови над Украина, која ќе ја спроведуваат борбените авиони на НАТО.
Во тој случај речиси сигурно би имало воздушни судири меѓу руски и НАТО авиони, односно влегување на НАТО во отворена војна со Русија. НАТО соопшти дека воопшто не размислува за таква опција.
Путин изјави дека не се планира прогласување на воена состојба во Русија, додавајќи дека се надева дека така ќе остане, пренесе руска РИА Новости.
Таков чекор би можел да се преземе „само во случај на надворешна агресија и само во дефинирани области на воена активност“, рече Путин на состанокот со стјуардесите на „Аерофлот“, кој беше емитуван на државната телевизија.
Рускиот претседател изјави дека „работата за уништување на воената инфраструктура на Украина е речиси завршена“, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…