Објавено на:

Албанци од Косово тргнале да се борат во Украина за САД да ја натера да им ја признае државата – Со часови биле испрашувани на граница

t

Двајца косовски Албанци кои се упатиле кон украинската граница, сакајќи да им се придружат на вооружените сили на земјата, биле приведени на украинско-полската граница, каде биле испрашувани четири часа.


Канал 10 јавува дека не можеле да влезат во Украина и дека биле испрашувани околу четири часа за мотивите поради кои сакале да ја преминат границата.


Азиз Бехљуљи и Исмет Шала од Сува Река вчера изјавија дека една од причините зошто сакаат да се борат на страната на Украина е тоа што оваа земја не ја признала независноста на Косово.


Сакаме да ги поддржиме и САД, бидејќи можеби после тоа Украина ќе го признае Косово“, рече Шала.


Инаку, учеството во војни надвор од територијата на Косово е кривично дело и е класифицирано како терористички акт, а загрозената казна е од три до 15 години затвор, пишува Репортерс, пренесува Косово онлајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама вели дека Албанија нема да им…

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека…

Евростат: Албанците најбројни по добиени државјанства во…

Околу 1,2 милиони луѓе добиле државјанство на…

Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во…

Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена…

Ахмети со честитка на независноста: Нема никаква…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка…

Во Швајцарија има над 3.000 милионери Албанци…

Претставникот на Глобалната мрежа на бизниси од…