Објавено на:

Роскосмос го оштети Западот за 12 милијарди долари – Сега веќе не можат да летаат во вселената ни со метли

t

„Роскомос, како одговор на санкциите, му нанесе штета на Западот, која веќе изнесува 12 милијарди долари, бидејќи го откажа лансирањето на сателитот „OneWeb“ и испораката на мотори за ракети-носачи, рече генералниот директор на државата корпорација Дмитриј Рогозин.


„Пресметуваме дека вкупната штета што веќе им ја направивме е осум милијарди долари, а поради прекинот во испораката на ракетните мотори, пресметаме дека штетата ќе биде околу четири милијарди долари.

Односно, еден „Роскосмос“ веќе предизвика штета од 12 милијарди долари како одговор на санкциите“, рече Рогозин на состанокот со пратениците на Државната дума од Либерално-демократската партија на Русија.


Тој оцени дека штетата на „Роскосмос“ од западните санкции е „многу помала“.
Дополнително, вети дека ќе продолжи да работи така и рече дека има „пар асови“ во ракавот на кои ќе одговори во случај Западот да продолжи така да се однесува.

Претходно директорот Рогозин при изјавата во која најави дека ќе го запрат извозот на ракетни мотори, рече дека Западот може да лета во вселената со метли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!

Украина изврши ракетни напади врз објект на…

(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…

Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…

Трамп и Зеленски разговарале за можна испорака…

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер…

Русија: Имаме право да ги разместуваме ракетите…

Русија верува дека има право, доколку е…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…