(Видео) Јакимовски претпоставува: ЕУ и НАТО може да воведат санкции за Србија поради нејзината неутралност

t

Во Тешки муабети вечерва се зборуваше за определбата на Македонија да ја поддржи Украина, односно партените од НАТО, а со тоа да се најде на листата непријатели на Русија.

Јакимовски искоментира дека тоа е дел од обврските кои ги носи членството во НАТО, а тој истакна и дека можно е ЕУ и НАТО да воведат санкции за соседна Србија доколку остане неутрална.

“Ќе треба сериозна економска политика и мислам дека тука треба да се вклучат и власт и опозиција и сите експерти, за да се спречи економска катастрофа во Македонија.

Заземавме страна затоа што сме членка на НАТО, а со тоа си доаѓаат и обврски. Имаме и придобивки ама еве ги сега и обврските.

Јас на времето бев против членството во НАТО заради ваквите обврски ама тешко е и да си воено неутрален.

Еве земете ја на пример Србија, која се обидува да остане неутрална ама скоро ќе дојде ден кога ЕУ и НАТО ќе ѝ кажат ако сака да биде со нив да се вклучи во санкциите, ако не можеби и таа ќе биде дел од следните санкции како Белорусија.” – вели Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=324696106302991&notif_id=1647030651573940&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…