Иванов остро кон функционерите на ОН: Требаше да бидете во Москва и Киев уште истиот ден кога започна конфликтот!

t

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган

Во своето излагање, Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21-виот век. Потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после II Светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови. Но, сега тој проект ја губи својата моќ, смета Иванов.

-ОН се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност. Тие се најефикасни во кризни ситуации, но, за да се покаже нивната ефикасност, Генералниот секретар на ОН, заедно со Претседателот на Генералното собрание на ОН, мораше, уште истиот ден кога започна конфликтот, да бидат во Киев, а следниот ден во Москва.


Живееме во време на голема неизвесност и дека нѐ очекуваат големи предизвици. Но, човештвото секогаш наоѓа решение во кризни ситуации, и да се надеваме дека и сега ќе најдеме решенија кои ќе бидат од корист за сите, не само за одредени земји. Светот станува сѐ покомплексен и посложен, но и сѐ повеќе меѓусебно зависен, па затоа, помагајќи си себеси, им помагаме на сите, порача Иванов.

Тој оствари повеќе кратки средби со учесници на форумот кои се актуелни и поранешни шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Црвениот плоштад во Москва заврши генералната…

На Црвениот плоштад во Москва заврши последната…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Киев:…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна…

Медведев во негов стил: Ќе ги победиме…

Русија ќе победи во борбата против новите…

Да земјотреси утринава ја стресоа Анталија

Два земјотреси со јачина од 3,9 го…