Министерката Тренчевска објасни: Како ќе се исплаќа помошта од 1000 денари на пензионерите?

t

Помошта за пензионерите и за примателите на гарантирана минимална помош ќе биде исплаќана директно на трансакциските сметки, а не со ваучери. Со владината одлука околу 330.000 пензионери и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земат дополнителни 1.000 денари за март, април и мај, истакна вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

На гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, Тренчевска рече дека очекува измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо.

– Нема да има ваучери, туку по 1.000 денари во наредните три месеци пензионерите ќе добиваат на своите трансакциски сметки, заедно со исплатата на пензиите. Овие финансиски средства ќе можат да ги искористат за купување на прехранбени производи, за сметките за струја или за нешто друго. За да стасаат парите што поскоро и до граѓаните кои се приматели на гарантирана минимална помош, исплатата по 1.000 денари во наредните три месеци исто така најверојатно ќе се изврши преку трансакциските сметки, заедно со исплаќањето на правото на ГМП, рече Тренчевска.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…

Македонските пензии најниски во регионот

Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…

МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка…

Се огласија од МТСП: Вонреден инспекциски надзор…

Министерството за труд и социјална политика во…

Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на…

Прекувремената работа дури и со согласност нема…