Објавено на:

Ослободен градоначалникот на Мелитопол, разменет за деветмина руски војници

t

Руските сили го ослободија градоначалникот на градот Мелитопол, кого го заробија минатата недела, соопшти денеска шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Според властите тој бил разменет за деветмина руски војници, заробени во Украина.

Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, е ослободен од руско заробеништво, објави Јермак на социјалните мрежи.

Украина соопшти дека руските сили го киднапирале Федоров минатиот петок.

Во видео што синоќа на Телеграм го постави заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, украинскиот претседател разговара со Иван Фјодоров, му честита за неговото спасување и го уверува дека Украина не го напушта својот народ. Од спротивната страна, градоначалникот му одговори дека ќе му требаат ден-два да се врати на работа. Како одговор, Зеленски рече дека не може да „вети два дена”, но го охрабри градоначалникот да се одмори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди…

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за…

Андоновска: Нудиме реални и остварливи проекти во…

- Денеска сме тука на главниот плоштад…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…