Николоски со предлог до власта: Откупете ги сите земјоделски производи и поделете ги низ основните и средни училишта

t

Од ВМРО-ДПМНЕ не можат да очекуваат ништо друго освен да сме жестока опозиција на оваа сиромаштија и на оваа пљачка која му се случува на народот затоа што нас ни се повторуваат сцените од 90-тите. Јас бев дете и убаво се сеќавам кога се чекаше ред за леб, за млеко и масло и кога на бензинските пумпи се чекаше за да се стави гориво, еден ден возеа тие со парна регистрација, друг ден тие со непарна и истите тие сцени ни се повторуваат 30 години подоцна – празни рафтови, тоа што има е екстремно скапо и бензин или нема или е екстремно скап.

Така што, СДСМ во 90-тите и СДСМ на власт сега се истите проблеми. Во однос на регионот, во Србија ситуацијата не е таква, во Црна Гора не е таква, во Хрватска не е таква и во Грција не е таква. Еве четири примери само од регионот да не одиме подалеку, така што власта мора да си најде одговори на овие прашања како што треба на пример да им одговори и на земјоделците од мојата четвртата изборна единица, што ќе се случува со раноградинарските производи, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостувањето на Тема на денот во дневникот на телевизија Сител.

Во однос на тоа, Николоски даде предлог, наместо владата да троши нерационално, да ги откупи сите земјоделски производи и да им ги подели во средните и основните училишта, посочувајќи дека на тој начин и учениците ќе добијат здрав и бесплатен оброк, а ќе им се помогне и на земјоделците нивниот род да не биде фрлен.

– Имаат доволно пари во буџетот ако рационално го трошат, нека го откупат целокупното земјоделско производство и нека го поделат во средните и основните школи, ем учениците да добијат здрав и бесплатен оброк, ем земјоделците да не треба родот да го фрлат, ем да заработат нешто. Еве еден предлог малку да намалат со расипништвото и крадењето, многу бенефит ќе види народот, порача Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…