Објавено на:

(Видео) Навивачите на Црвена Ѕвезда претепаа навивачи на Глазгов Ренџерс пред нивниот хотел

t

Навивачи на Глазгов Ренџерс синоќа беа нападнати во Белград, градот во кој дојдоа да навиваат за својот тим во реванш-дуелот против Црвена звезда (18.45 часот) од осминафиналето во Лига Европа и тоа пред нивниот хотел.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа како дел од напаѓачите, за кои се верува дека се фанови на црвено-белите, се обидуваа да влезат во хотелот, по што дел од Шкотлаѓаните излегоа надвор и веднаш беа нападнати. Двајца од нив настрадаа најмногу, по што едниот успеа да побегне од клинчот и да се врати назад, додека вториот беше соборен на земја и потоа брутално тепан од сите околу него. За време на ова тепање, личноста која снима од хотелот вреска на цел глас барајајќи некој да му помогне на неговиот другар.

Колку и да беше тоа стравична сцена, нападнатиот шкотски навивач без проблеми стана по тепањето и без видливи потешки повреди се врати меѓу своите. Ренџерс во реванш-дуелот влегува со предност од 3-0 обезбедена пред една недела на „Ајброкс парк“.

Извор: Спорт1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…

Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…

Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…

Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…

Вработен во маркет си го натепал колегата

На 16.05.2026  во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…

МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…

Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…

Навивачи на Силекс извикувале навредливи слогани на…

Шестмина навивачи на фудбалскиот клуб Силекс ќе…