Ново намалување на цената на горивата од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.

Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојните избори утре ќе ги следат 1303…

Вториот круг претседателски избори и парламентарните избори…

Се сеќавате на Ванхојте? Сега ќе ни…

Белгијанецот Питер Ванхојте кој беше многу активен…

Обид за кражба на изборен материјал во…

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар…

ЛШ: Ќе издржи ли Борусија вечерва на…

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите…

Во израелските напади оштетени или уништени се…

Од почетокот на војната помеѓу Израел и…