ЛШ: Ќе издржи ли Борусија вечерва на „Паркот на принцовите“?
Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите (ЛШ) меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд е закажан за вечерва од 21:00 часот.
Борусија во Париз брани предност од 1:0 од првиот дуел, но францускиот домаќин е фаворит и се надева дека ќе стигне до своето второ финале во клупската историја, откако во 2020 година загубија од Баерн.
„Нашата цел е да влеземе во финалето. Свесни сме дека на овој натпревар можеме брзо да постигнеме два гола, но и да примиме“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
„Нашата цел не е да победиме со два гола, нашата цел е да победиме. Ако почнеме да размислуваме за два гола, ќе изгледа дека целта ни бега. Мора да постигнеме еден гол, а потоа е изедначено полуфиналето“, додаде стратегот на ПСЖ.
Тренерот на Борусија, Един Терзиќ, истакна на официјалната прес – конференција дека неговите фудбалери се свесни за квалитетот на противникот, но оти пласманот во финалето е голем мотив за бундеслигашот од Дортмунд.
„Знаеме за нивната сила. Веќе кажавме дека нашиот настап од првиот натпревар нема да биде доволен за финале, но можеме да извадиме многу позитивни работи од него. Во текот на сите 90 минути треба да бидеме целосно будни, ако треба ќе трчаме и 20 километри повеќе од нив! Имаме голема цел и голем сон“, истакна Терзиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…