Алиоски: Не доаѓаме да му ја завршиме кариерата на Роналдо, само да си го оствариме сонот!
Македонскиот лев бек Езџјан Алиоски порача дека Македонија не доаѓа во Португалија да му ја заврши кариерата на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец на сите времиња во светскиот фудбал, туку Македонија да си го оствари сонот за настап на едно Светско првенство.
Алиоски беше извонреден во Италија, посебно во моментот кога од никаде го изблокира Доминико Берарди во акцијата на „аѕурите“ кон нашиот гол по што доби бакнежи од голманот Столе Димитриевски, па левиот бек сега порачува дека Македонија сонува за Светско и дека ќе направи сѐ за да дојде до таа цел.
„Ништо сѐ уште не сме направиле, убава е таа победа со Италија, тоа чувство дека сте го елиминирале европскиот првак, ама ние на Светско првенство сѐ уште не сме пласирани. Ние сонуваме за Мундијалот и ќе направиме сѐ за да ни се оствари сонот. Јас реков дека можеме да ја победиме Италија, исто е и со Португалија – можеме да ја победиме. Ние вушност со кого и да игра(в)ме во квалификациите бевме аутсајдери, така е и сега со Португалија“, вели Алиоски.
Темпераментниот лев бек ќе го чекаат тешки дуели со извонредните индивидуалци од португалскиот напад, ама сите очекуваат најмногу од Роналдо зашто веќе е во години кога неиграњето на Мундијалот би значело полека и привршување на неговата репрезентативна кариера.
„Роналдо две децении е на највисоко ниво и ние не сакаме да му ја завршиме кариерата, сакаме само да си го оствариме сонот. Веруваме дека можеме да го направиме последниот чекор во Португалија“, додаде Алиоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…