Објавено на:

Падна цената на нафтата на светските берзи

t

Претседателот на САД Џо Бајден ќе објави денеска за испуштање на еден милион барели нафта дневно, или вкупно 180 милиони барели, од стратешките резерви на САД за да се спречи понатамошно зголемување на цените на горивото. 

Најавата на Бајден предизвика пад на цените на  суровата нафта на светските берзи. Идните испораки на марката Брент сега се тргуваат за 108.89 долари за барел, 4 отсто помалку. Додека идните испораки на американска сурова нафта на Волстрит утринава се тргуваа по 103.97 долари, пад од 3.6 отсто. Краткорочните контракти се тргуваат по 100.16 долари.  

Во САД, цените на бензинот се покачија до рекордно ниво по инвазијата на Русија на Украина, и дополнителната загриженост за снабдувачката, што предизвика зголемена инфлација како во САД така и низ глобалната економија. 

Русија е втор по големина извозник на нафта во светот, и досега невидените казнени мерки и меѓународни санкции по нападот на Украина го пореметија снабдувањето со нафта од земјата. 

Во забалешка од најново истражување на Голдман сакс, се вели дека испуштањето од американските резерви може да помогне пазарот на нафта да се израмни во 2022 година но се вели дека тоа нема да го решири структурниот дефицит на нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…

Нафтените гиганти од САД објавија рекордни добивки

Нафтените гиганти ЕксонМобил и Шеврон заработија вкупно…

Драматичен пад на цената на нафтата по…

Цените на нафтата значително паднаа откако САД…

Брент собори нов рекорд: Нафтата е најскапа…

Глобалните цени на нафтата го забрзаа својот…

Цените на нафтата повторно растат

Цените на нафтата на светските пазари денес…