МВР информира: Продолжува трендот на намалување на жртвите во сообраќајни незгоди

t

Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

Вчера во Струга беше организирана акција во склоп на новата кампања „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“.

„Оваа кампања ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови од РСМ. Во кампањата се става акцент на причините поради кои пешаците страдаат во сообраќајни незгоди, се потсетува на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на пешаците, а постојано се даваат и препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот“, рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска.

Помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека благодарение на ваквите активности, се подига нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…