Објавено на:

И Франција протерува руски дипломати – Захарова најави соодветни мерки

t

Франција одлучи да протера руски дипломати, чии постапки, според Париз, се спротивни на безбедноста на земјата, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

„Франција вечерва одлучи да протера голем број руски функционери со дипломатски статус, чии постапки се спротивни на нашите безбедносни интереси“, се вели во документот.

Се забележува дека овој чекор е дел од „пан-европскиот пристап“.
Според ТВ каналот БФМ, станува збор за „30-тина Руси“.

Претходно, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок прогласи 40 дипломати за персона нон грата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова најави одмазднички мерки.

Дополнително, денеска Литванија и Летонија го намалија нивото на дипломатските односи со Русија со повлекување на своите амбасадори од Москва. За возврат, руските пратеници треба да ги напуштат Рига и Вилнус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…