Британците го шпионирале Берлин? Уапсен вработен во амбасадата кој предавал корисни информации за Русија
Британец вработен во британската амбасада во Берлин е обвинет за прекршоци според Законот за службени тајни поврзани со пренесување информации корисни за Русија, соопшти лондонската полиција, јави Ројтерс.
Дејвид Балантин Смит (57), кој живеел во Потсдам, Германија и бил вработен како обезбедување во амбасадата, во средата бил екстрадиран во Велика Британија од Германија по неговото апсење од германската полиција во август 2021 година, соопшти полицијата.
Тој е обвинет дека собирал информации од амбасадата со намера да ги пренесе на странска држава, соопшти британското Кралско обвинителство (CPS).
Ник Прајс, шеф за борба против тероризмот во CPS, рече дека Смит бил обвинет за девет прекршоци.
„Тој е обвинет за седум дела за собирање информации со намера да ги испрати до руските власти, едно за обид за комуникација и едно за давање информации на лице за кое верува дека е член на руските власти“, рече тој.
Смит во четврток треба да се појави во Вестминстерскиот суд во Лондон, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…
Силно невреме вчера зафати делови од Германија…
Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…
Германија значително го зголемува бројот на припадници…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…