Град Скопје се приклучи на кампањата на УСАИД: „Мојот данок, за мојата општина!“

t

Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ – До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа.

Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра.

Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефицата на германската дипломатија: Руската војна се…

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок…

Кавадарци ја пушти во функција фонтаната во…

Денес, на 33-годишнината од загинувањето на Сашко…

Белград накитен со кинески знамиња и пораки…

Во чест на кинескиот претседател Си Џи…

„Ќе нападнат и други членки на НАТО“…

Кинеската влада извршила неколку кибер напади врз…

Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени…

Најмалку осум лица загинаа, а 11 други…