Кавадарци ја пушти во функција фонтаната во чест на Сашко Гешовски: 33 години непребол!

t

Денес, на 33-годишнината од загинувањето на Сашко Гешовски, кој беше првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во Југославија и беше убиен на 19-годишна возраст, се пушти во функција фонтана во негова чест, во неговиот роден град Кавадарци.

Станува збор за централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни, а финансиската конструкција на проектот е во висина од 2.700.000 денари.

Членови на семејството на Сашко, заедно со градоначалникот Митко Јанчев и општински претставници, како и бројни сограѓани, му оддадоа почит со положување на цвеќе на неговиот гроб.

И по 33 години младиот војник кој беше убиен на 6-ти мај 1991 година, откако во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и со четири куршуми смртно го погодил додека бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит, тој останува непребол за Кавадарци.

Со неговата смрт започна ужасот на војната во Југославија. Во конфликтите во СФРЈ загинаа околу 40 македонски војници кои беа во редовите на ЈНА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално…

Станува збор за 45-годишен маж со „богато“…

Украина соопшти: Загина еден од најдобрите пилоти

Вооружените сили на Украина објавија дека Денис…

Шок информации! 14-ГОДИШНА ЦРНОГОРКА ПЛАНИРАЛА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД…

Уапсено е 14-годишно девојче наводно од Црна…

„ПОНИШТЕТЕ ЈА ПРЕСПА“: Лидерот на СИРИЗА упати…

За време на предизборниот митинг во Солун…

Американски разузнавачи тврдат: Русија и Кина подготвуваат…

Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека…