Франција протерува уште шест руски државјани
Франција протерува уште шест руски државјани осомничени дека работеле како шпиони под дипломатска заштита, откако француските разузнавачки служби открија тајна операција на нејзина територија, соопшти Министерството за надворешни работи во Париз.
„Шест руски агенти кои работат под дипломатска заштита и за чии активности е утврдено дека се спротивни на нашите национални интереси се прогласени за персона нон грата“, се вели во соопштението на МНР.
Во соопштението меѓудругото се наведува дека домашната разузнавачка служба „ДГСИ“ на 10 април по долга истрага открила „тајна операција спроведена од руските разузнавачки служби на француска територија“, при тоа не откривајќи детали.
Во твит, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека ДГСИ „ја откри мрежата на руски тајни агенти кои работеа против нашите интереси“. Тој рече дека ДГСИ спровела „вонредна контра-шпионажна операција“ и ја пофали организацијата за „грижата за националните интереси“.
Инаку овој чекор доаѓа откако Франција на 4 април соопшти дека протерува 35 руски дипломати како дел од заедничката европска акција по инвазијата на Москва на Украина.
Изминатиот период бројни европски земји протераа руски дипломати, особено по протестите ширум Европа поради убиствата во градот Буча во близина на украинскиот главен град Киев, каде што беа пронајдени десетици тела во масовни гробници или на улиците.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…