Украинската фудбалска федерација планира пријателски натпревар со Македонија како подготовка за мундијалскиот бараж
Украинската фудбалска федерација (УАФ) објави дека е во финални разговори за одигрување пријателски натпревари на националниот тим против македонската и француската репрезентација, во рамки на подготовките за мундијалскиот бараж, кој беше одложен во март поради руската инвазија.
Потпретседателот на Украинската федерација, Олег Протасов, потврди за агенцијата УКРИНФОРМ дека националниот тим сака подготвен да влезе во баражот за пласман на Мундијалот 2022, додавајќи оти за таа цел во тек се преговори за тренинг кампот и за одигрување контролни натпревари, први од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
– Сега сме во преговори за тренинг кампот со неколку земји и за одигрување натпревари против Франција и Северна Македонија, но повеќе информации околу тоа ќе може да објавиме подоцна, изјави Протасов.
Украина на 1 јуни треба да и гостува на Шкотска во рамки на полуфиналето од мундијалскиот бараж, додека македонската репрезентација на 2 јуни против Бугарија на гостински терен ги започнува натпреварите во Ц групата во Лигата на нации. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СРАМОТА! Родители се тепаат на детски фудбалски…
Голем скандал се случи денес на натпревар…
Пешевски: Македонија може мирно да спие, во…
Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски,…
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
Традиционален натпревар во лежење во Црна Гора
Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна…
Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…
Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…