И „Бугарите“ се побунија: ВМРО-НП бара да се забранат партиите кои се повикуваат на континуитетот на Михајлов

t

ВМРО-Народна партија се согласува дека името на Ванчо Михајлов не е соодветно избрано за да претставува културен клуб во Македонија и бара да се забранат партиите кои се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов на нивни конгреси.

„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во македонскиот политички простор постојат барем две политички партии кои во континуитетот на своите Конгреси ги имаат вградено и конгресите на ВМРО под водство токму на Ванчо Михајлов. Затоа ВМРО-Народна партија бара од Министерството за правда да ги идентификува тие политички партии кои веќе се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов и да се поведе постапка за нивна забрана во Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.

ВМРО-Народна партија смета дека е дојдено време „македонската историографија да ни каже, ако веќе Ванчо Михајлов претставува толку црна личност, тогаш зошто светлите личности кои се бореа против него исто така ги нема во македонската историја и се комплетно избришани, а притоа се членови на ВМРО-Обединета, односно прогресивни и национално освестени Македонци.“

„Сакаме да спомнеме само некои од нив: Владимир Поп Томов, Петар Шанданов, Методија Шаторов Шарло, Антон Југов, Георги Пирински, Васил Ивановски, Лев Главинчев, Пеце Трајков. Ова се главните личности кои водеа борба против Ванчо Михајлов, зошто овие личности ги нема во македонската историја?“, прашува ВМРО-Народна партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…