Објавено на:

Полска е спремна да згрижи и лекува најмалку 10.000 повредени украински војници

t

Здравствениот систем на Полска има капацитет да лекува најмалку 10.000 повредени украински војници, изјави полскиот премиер, додека Русија започнува нова офанзива во источна Украина, пишува Ројтерс.

Матеуш Моравјецки им рече на новинарите за време на посетата на западниот украински град Лавов дека Полска веќе лекува „неколку десетици“ војници и дека е подготвена да прими уште повеќе.

„Подготвени сме да примиме најмалку 10.000 (војници), доколку е потребно“, рече тој. „Правиме се за да ги примиме и лекуваме сите повредени војници од Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави за Си-Ен-Ен дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници загинале досега во војната со Русија, а уште 10.000 се повредени.

Моравјецки беше во посета на Лавов за да отвори „град со контејнери“ финансиран од Полска, изграден за да обезбеди привремено сместување за 300-350 бегалци во преносливи кабини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…