Полска е спремна да згрижи и лекува најмалку 10.000 повредени украински војници
Здравствениот систем на Полска има капацитет да лекува најмалку 10.000 повредени украински војници, изјави полскиот премиер, додека Русија започнува нова офанзива во источна Украина, пишува Ројтерс.
Матеуш Моравјецки им рече на новинарите за време на посетата на западниот украински град Лавов дека Полска веќе лекува „неколку десетици“ војници и дека е подготвена да прими уште повеќе.
„Подготвени сме да примиме најмалку 10.000 (војници), доколку е потребно“, рече тој. „Правиме се за да ги примиме и лекуваме сите повредени војници од Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави за Си-Ен-Ен дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници загинале досега во војната со Русија, а уште 10.000 се повредени.
Моравјецки беше во посета на Лавов за да отвори „град со контејнери“ финансиран од Полска, изграден за да обезбеди привремено сместување за 300-350 бегалци во преносливи кабини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…
Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…