Западните лидери се согласија: Потребно е да се изврши поголем притисок врз Русија
Западните лидери се согласија за потребата да се изврши поголем притисок врз Русија и да се зголеми меѓународната изолација на Москва по нејзината инвазија на Украина, се вели во соопштението на италијанската влада, пишува Ројтерс.
Лидерите – вклучувајќи ги италијанскиот премиер Марио Драги, американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон – споделија „длабока загриженост“ за продолжените непријателства во Украина и рекоа дека е потребен брз прекин на огнот.
„Постоеше широк консензус за потребата да се засили притисокот врз Кремљ, вклучително и со усвојување дополнителни санкции и да се зголеми меѓународната изолација на Москва“, се вели во соопштението на Рим по видео-повикот меѓу лидерите.
Се додава дека тие ја повториле посветеноста за диверзификација на снабдувањето со енергија со цел да се намали зависноста од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…