Денеска пресуда за „Плацовите на Водно“

t

Основниот кривичен суд Скопје денеска попладне треба да ја изрече пресудата за случајот „Плацови на Водно“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинети се уште пет други лица: Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева, за која обвинителството во завршните зборови се откажа од кривичен прогон поради застарување на делото.

На Груевски на товар му се ставаат делата перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Во случајот обвинителството тврди дека Груевски со пари кои биле донација за ВМРО-ДПМНЕ прибавил 1,3 милиони евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал имот. Обвинението опфаќа плацови на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување имот, според обвинителството, се вклучени и офшор фирми, односно била искористена компанијата „Сирах лимитед“ од Белизе во сопственост на обвинетиот Јосифовиќ, и преку неа се отворила фирма-ќерка во Македонија, „Сирах инженеринг“, за чиј управител бил назначен кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски. Тој, според обвинението, за експремиерот го купил и земјиштето во Крушево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…