По договорот на СОНК со Владата, СДСМ се пофали: Продолжуваме со политиките на зголемување на платите во образованието
„Се потврди дека само преку дијалог може да се дојде до решение“, реагира СДСМ откако Владата и СОНК соопштија дека постигнале компромис за покачувањето на платите во образованието и во градинките за 12 отсто, со што завршува двонеделниот штрајк на вработените во овој сектор.
„Денеска е постигнато усогласување помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во основното и средното образование, како и во градинките од 12 отсто, со ребалансот на буџетот. Поради несоодветни уцени и неразумна поставеност на раководството на СОНК, децата и учениците изгубија значајни две недели од наставата, која треба соодветно да се надомести бидејќи тие најмногу претрпеа штета од овој штрајк. СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на работниците, но докажа дека на уцени и неразумни барања не подлегнува. Социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до взаемни прифатливи решенија. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците работејќи посветено на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…
