Објавено на:

Украински министер: Русија веќе го чувствува поразот во Украина

t

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба ја коментираше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Кулеба оцени дека изјавата на Сергеј Лавров за реалната опасност од избувнувањето на Третата светска војна укажува дека, како што наведе, „Москва чувствува пораз во Украина“.

Кулеба на Твитер напиша дека Русија ја губи последната надеж да го исплаши светот за да не ја поддржи Украина.

„Тоа само значи дека Москва се чувствува поразено во Украина. Затоа светот треба да ја удвои поддршката за Украина, за да победи и да ја заштити европската и глобалната безбедност“, рече Кулеба.

Министерот за надворешни работи на Русија вчера оцени дека постои „реална опасност од избувнување на Третата светска војна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска е Меѓународен ден на трудот: Дали…

Меѓународниот ден на трудот (1 Мај) се…

Три знаци од хороскопот кои за првомајските…

Според прогнозите на астролозите, периодот на празници…

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…