Урнебесно: Го фатиле како зема мито – Отпуштен познатиот полицаец макета на МВР
Сатиричниот портал “Кооперација” објави урнебесен текст за познатиот полицаец макета кој беше поставен со цел “да ги плаши” возачите на патот Гостивар-Тетово.
Според информации на Кооперација, полицаецот е отпуштен од работа поради примање мито.
Целиот текст во продолжение:
“Штета! Баш мислевме дека овој полицаец ќе биде неподмитлив, но сепак човековата алчност е иста како и сосед на нашата земја – не знае за граници.
После неколку недели откако ја доби работата на надвозникот за тетовско Камењане, Полицаецот-макета беше отпуштен од својата работа откако произлезе снимка дека тој примал мито!
“Мислевме дека е различен од другите. Мислевме дека има чест, етика и морал. Сепак, немал. Најдовме снимка. Примил мито за да не казни некој што возел пребрзо. Го примил митото и го пуштил мито-давачот да помине без никаква казна.” – изјави вработен во МВР и продлжи – “Се соочивме со него лице в лице. Му кажавме да признае дека примил мито. Му спомнавме и дека имаме докази. Тој не одговори ништо. Очигледно му беше срам. Тоа е. Моравме да го отпуштиме.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
„Транспаренси интернешнл-Македонија“: Најматен настан за мај е…
Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни…
Камерите снимиле хирург како 22 пати прима…
Како што е наведено во тужбата, најголем…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Полицаец се ранил додека го чистел пиштолот
На 23.11.2023 во 10.30 часот во СВР…