Објавено на:

Украина се пофали: Со “Бајрактар” уништен уште еден руски воен брод

t

Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ​​ТБ2.

„Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров,  на дното на морето”, напиша на својот Твитер профил украинското Министерство за одбрана.

Да потсетиме, откако беше изложен на смртоносен пожар вечерта на 13 април, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва” следниот ден потона во Црното Море додека се влечеше до најблиското пристаниште Севастопол.

Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација на екипажот на бродот, украинските сили потврдија дека го нападнале крстосувачот со противбродски ракети „Нептун” од домашно производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…