Унгарија ни донираше 72.000 брзи антиген тестови за Ковид-19
Министерството за здравство информира дека преку донација од Република Унгарија обезбедени се 72.000 брзи антиген тестови за КОВИД-19.На примопредавањето на донацијата, како што информира Министерството на социјалната мрежа „Фејсбук“, присуствувале унгарскиот амбасадор Ласло Дукс и министерот за здравство Беким Сали.
-Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман, изјави министерот Сали.Тој се заблагодари за поддршката и солидарноста од страна на Унгарија, со цел поуспешно справување со КОВИД пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот…
Меѓународната заедница мора да преземе акција против…
Илир Мета сакал да бега во Унгарија,…
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на…
Двегодишно дете убиено кај хрватската граница со…
Безживотно тело на двегодишно дете е пронајдено…