Објавено на:

НАТО е безбедно од Русија: Во секој момент имаме 30 авиони во воздух

t

Од почетокот на конфликтот во Украина, се лицитира со бројот на војници на НАТО распоредени во земјите членки најблиску до Русија. НАТО сега објави мапа на која се прикажани воени авиони кои постојано патролираат во Источна Европа.

Дел од извидувачките авиони на нивните мисии над Источна Европа полетуваат од базата Ферфорд во Велика Британија, која ја користат и британските и американските воздухопловни сили.

На крајниот исток од Европа, особено од почетокот на војната во Украина, воздушната компонента е зајакната, пред се во Романија, која граничи со Украина и соседна Молдавија и Црното Море, додека во Бугарија авионите на Алијансата заедно со бугарската авијација вршат контрола на брегот на Црното Море.

Сите операции ги изведува и контролира Центарот за воздушни операции во Уедем во Германија.

На Балтикот, воздушниот простор на Естонија го чуваат белгиските и француските воздухопловни сили со авиони Ф-16, Мираж и Рафал. Воздушниот простор на Летонија и Литванија го обезбедуваат воздухопловните сили на Шпанија, Чешка и Полска со борбени авиони Ф-18, Еурофајтер Тајфун 2000, ЈАС-39 Грипен и Ф-16. Покрај полските ловци Ф-16, во воздушниот простор на Полска има и американски ловци Ф-35, Ф-15 и Ф-16, како и извидувачки борбени платформи придружени со авионски танкери KЦ 135 Р и KЦ 10.

Воздушниот простор на Унгарија и Словачка го контролираат борбени авиони на тие две земји, МиГ-29 СД и Јас-39 Грипен Ц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Состанок на министрите за одбрана на НАТО…

Воениот комитет на НАТО на ниво на…

Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Киев:…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна…

(Видео) Близок соработник на Путин: Ќе го…

Високиот руски генерал Апти Алаудинов, командант на…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…