Нови обвинувања: Русија употребила касетни бомби и фосфорна муниција?
Едно лице загина, а едно е рането во денешниот напад во кој Русија употреби касетни бомби и фосфорна муниција во јужниот украински регион Криви Рих, објави денеска регионалниот воен началник Олександр Вилкул.
Ова е првпат да е пријавено употреба на вакво оружје во оваа област.
„Окупаторите стрелаат, вклучително и употребуваат забранета фосфорна и касетна муниција, рече Вилкул, но не прецизираше каде и кога било употребено оружјето.
Тој рече дека во текот на изминатиот ден едно лице загинало, а едно е повредено. Руските трупи се во офанзива кон градот Криви Рих, главниот град на регионот и родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинската армија претходно ги обвини руските сили за употреба на фосфорна и касетна муниција во источниот регион Донбас.
Украинските власти започнаа истраги за употребата на оружје за кое десетици земји се согласија да го забранат со меѓународен договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…