Г7 ги пофалија Македонија и Албанија: Имаме поддршка за почеток на преговори со ЕУ
Групата седум индустриски развиени земји ги пофали Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија за целосно усогласување на надворешната политика со Европската Унија, вклучително и санкциите, и ја повикаа Србија да го стори истото. Силно го поддржаа и брзото отворање на преговорите на Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Министрите за надворешни работи на Г7 го поздравија напредокот во инклузивната регионална соработка и енергетската транзиција, особено преку Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, беше објавено синоќа на веб-страницата на германското Министерство за надворешни работи по средбата во Германија.
Министрите од Г7 ја потврдија својата посветеност за европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан за кои, како што се вели, обезбедуваат безбедност, стабилност и просперитет во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…