На 5 јуни поглаварот Стефан ќе сослужува со вселенскиот патријарх?!

t

На празникот Св. Тројца на 5 јуни годинава, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) г.г Стефан ќе ја одржи првата заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград.

Ова го најави бугарскиот весник „Дневник“ на својата веб-страница со текст посветен на црковните состојби по канонското признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, која ја повика црквата од Скопје да го бара решението за автокефалност низ дијалог со Српската православна црква (СПЦ).

– Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација – изјави за Пресинг ТВ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.

Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две моќни реченици кои ќе ви помогнат…

Потсвеста може да направи толку многу. Доколку…

ДУИ: Изет, на линија со Силјановска и…

„Изет Меџити и албанската опозиција на линија…

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за…

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за…

Вучиќ се сретна со Филип Рикер, разговараа…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со…

Турција ќе го поддржи Руте за генерален…

Турција го поддржува холандскиот премиер во заминување…