Скандал: Полицајци од Тетово, Струмица и граничари ќе одат на систематски преглед во лабораторија која издаваше лажни ПЦР тестови
Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци на западната граница ќе одат на систематски преглед кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана, објави „Телма“.
Како што објави телевизијата „Телма“ вкупната сума на договорот меѓу фирмата „Ели медика“ чија лабораторија е осомничена дека издала лажни ПЦР тестови и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец.
Случајот со лажните ПЦР тестови го обелодени грчки новинар кој покажа како се делат такви уверенија на грчки казино туристи.
Обвинителството потврди дека истрагата се уште е активна, а била отворена и пред објавата на грчката телевизија.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорија дека се откриени пунктови за тестирање во казина кои тогаш се затворени и пломбирани.
На 11-ти јануари е испратено известување до министерот за здравство за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот поврзан со издадената дозвола за Ели Медика плус.
Во меѓувреме, на крајот на март другата фирма со иста сопственост Ели Медика се пријавила и добила повеќе од половина тендер за систематски прегледи на полицајци и на полициските тигри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…
Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…
Полицијата досега уапси три лица во Србија…
Полицијата досега уапси три лица во Србија…
Приведено лице по распишана потерница за доиздржување…
Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица…
(Видео) 50 полицајци повредени за време на…
Околу 50 полицајци се повредени како последица…