Владата го овласти амбасадорот Талески да даде согласност за влез на Шведска и Финска во НАТО

t

Владата на Република Македонија соопшти дека на денеска одржаната вонредна, 46-та седница, донела одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО.

Премиерот Димитар Ковачевски пред два дена рече дека земјава го поддржува влезот на двете нордиски земји во алијансата.

Тој, според владината прес-служба, во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг „ја поздравил иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО и додал дека „Северна Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во Алијансата на овие две земји“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…