Објавено на:

Сефер Цаноски стана татко по петти пат: Добредојде Адила Дефне Цаноска

t

Директорот на „ФОН Универзитет“, Сефер Цаноски на социјалните мрежи со своите пријатели и роднини ја сподели радосната вест дека станал татко по петти пат.

Неговата сопруга Сезан денес го донесе на свет нивното трето дете.

„Добредојде Адила Дефне Цаноска. Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к`смет на цел свет“, напиша Сефер во описот на фотографијата која ја сподели на својот инстаграм-профил.

Под неговата објава веднаш почнаа да се нижат многубројни честитки.

„Честитки, да е жива и здрава“, „Да е жива и здрава со родителите“, „Со среќа, нека е жива и здрава“, „Честитки“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, од неговиот претходен брак со Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп –…

За кратко време исчезнато уште едно возрасно…

Британија ќе формира специјална полициска единица за…

Британската влада ќе формира специјална полициска единица…

Три активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

САД очекуваат два брана напади врз Израел

Американските разузнавачи очекуваат сценарио кое вклучува два…

Грција заплени кокаин вреден милион евра скриен…

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од…