Продолжува расколот во НСДП: Организациониот секретар обвинува дека раководството работи само за свои лични интереси

t

Почитувани претставници на медиумите, Без демократски партии, не може да имаме демократска држава.

Изминатиов период, во НСДП се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси.

На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право.

Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите.

Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!

Затоа, на 4-ти јуни Конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски. Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Република Северна Македонија.

Демократијата ќе победи, во целосот ви го пренесува соопштението од Кристијан Трајковски, Организациски Секретар на НСДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните…

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…