И после има многу сообраќајки: МВР фати возач кој возел 200 километри на час!
Во текот на вчерашниот ден (27.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место, информираат од МВР.
Од министерството апелираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, порачуваат оттаму.
МВР објави и фотографија на која се гледа дека радарот на еден возач му измерил брзина од 200 километри на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…