Кадиров “ѝ фрли око” на Полска: Ќе станете мета ако не престанете да “кукате”
Полска ризикува да стане следна мета „ако не престане да кука“, напиша шефот на Чеченија Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм.
„Без разлика колку украинските и западните медиуми трубат за наводните неуспешни обиди на руските трупи да го заземат Донбас, во реалноста ситуацијата е токму спротивна… Се разбира, зборуваме за Полска. Земјата што се појави благодарение на СССР и преживеа благодарение на Русија се осмелува да се заканува и прекорува. Полска ќе стане мета ако не престане да лута“, рече тој.
Тој истакна дека историјата се повторува, а целта на рускиот претседател Владимир Путин е да го спречи тоа.
„Русија од прва рака знае што е национализам и кои се неговите последици. За нас, специјалната воена операција е благородна мисија која ќе стави крај на злите духови. Ќе го ослободиме Донбас и цела Украина од овој грозоморен феномен. Станува збор само за време“, додаде шефот на Чеченија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобус од Полска излета од пат во…
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…
Туск: Полска не сака војна, но ја…
Полска не сака нови битки и се…
Полска спречи атентат врз американско-украински државјанин, Туск…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
Туск: Полска не беше цел на објектот…
Полска не била цел на ракетата за…