Кадиров повторно се заканува со освојување на Франција и Германија, а Медведев со удари врз германски фабрики
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри телевизиски изјави, во кои тврди дека руската армија е способна да ја освои Полска и да го продолжи напредувањето кон Германија и Франција, пренесува телеграм-каналот Niyso.
Опозицискиот медиум на неговите зборови одговори со иронија, објавувајќи податоци според кои реалноста на фронтот во Украина е сосема поинаква. Наводно, блиски лица на руските војници масовно се молат за дожд, со надеж дека ќе се намали активноста на дроновите и дека ќе можат да ги извлечат ранетите.
Додека Кадиров ваквите закани ги повторува веќе петта година, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати директни закани за напади врз германски одбранбени фабрики поради нивната поддршка за Украина.
Медведев ги отфрли обвинувањата на Берлин за руски напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, нарекувајќи ги тврдењата измислена саботажа.
Во меѓувреме, експерти предупредуваат дека тензиите во Европа се зголемуваат и дека Русија би можела да го нападне стратешки важниот, но слабо заштитен норвешки архипелаг Свалбард.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туск подготвен за средба со полскиот претседател…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…