Шолц одбива да испорача тешко оружје во Украина? Германија ја намалува испораката на минимум
Германската влада ја намали испораката на оружје за Украина „на минимум“, пишува весникот „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на документите до кои имал пристап.
Станува збор за испораки на таканаречено лесно оружје, кои воопшто не се реализирани од крајот на март.
Медиумите наведуваат и дека германскиот канцелар Олаф Шолц сè уште одбива да испрати тешко оружје директно во Украина, иако ветил дека ќе испрати нова опрема во источноевропските земји во замена за старата советска, која украинските војници би можеле да ја користат без дополнителна обука.
Меѓутоа, за време на состанокот на меѓународно ниво, кој се одржа во базата Рамштајн, министерката за одбрана на Германија, Кристина Ламбрехт, вети дека нејзината земја ќе и испорача на Украина самоодни ракетни фрлачи „Гепард“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…