Лиз Трас: Ја обучуваме армијата на БиХ да се одбрани од руското влијание
Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас изјави дека нејзината земја и дава поддршка на Босна и Херцеговина во форма на обука на вооружените сили со цел да се одбрани од руското влијание и за сопствена безбедност. Шефицата на британската дипломатија во видео-обраќање преку Твитер изјави дека искрената и сигурна инвестиција во БиХ „ќе обезбеди силна алтернатива“.
„Ние им помагаме да ги обучиме нивните вооружени сили да ја заштитат нивната безбедност“, рече Трас. Таа истакна дека не смее да се дозволи Западен Балкан да се врати во минатото.
За време на нејзината посета на Чешка, додаде таа, беше договорено земјата да ја засили испораката на оружје и санкциите за да и помогне на Украина.
„Историјата не учи дека попуштањето не е решение за агресијата. Мораме да и се спротивставиме на агресијата со акција и сила, и затоа работиме со нашите сојузници за да ја поддржиме Украина и да обезбедиме рускиот претседател Владимир Путин таму да биде поразен“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…