Телевизија „Алфа“ може слободно да работи – Обвинителството за организиран криминал ја отфрли пријавата на Финансиската полиција
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава на Финансиската полиција која ја водеше против телевизија „Алфа“, поточно, против сопственикот на националната телевизија „Алфа Скоп“ ДОО, дознава Инфомакс.
Финансиската полиција водеше предистрага против „Алфа Скоп“ ДОО, фирма издавач и сопственик на националната телевизија Алфа, поради сомнение за даночно затајување со кое бил оштетен државниот буџет во висина од 100.000 евра.
Минатата година, во телевизија Алфа неколкупати се вршеше претрес и проверка на целосната документација на компанијата.
Тогаш, директорот на телевизијата Јани Бојаџи обвини дека се работи за системски притисок врз телевизијата, објаснувајќи дека медиумот нема никаква врска со обвинението, кое ја товари претходната директорка на „Алфа Скоп“ ДОО за која постеше сомнение дека извршила даночно затајување.
На обвинението му претходеше кривична пријава што ја поднесе Финансиската полиција. Пријавени беа „АЛФА СКОП“ и управителката на фирмата, Србинката Симонида Кажиќ, која е сега директорка на Државната лотарија во Србија, а со телевизијата управуваше до 2016 година.
Освен документација во врска со управувањето на телевизијата од страна на Кажиќ, се чешлаа и документи за соработка на телевизијата, договори за маркетинг и изработка на веб страни.
ОЈОГОКК во петокот го отфрли обвинението поради немање на докази, откако и со меѓународна правна помош не успеале да добијат доволно докази од Р.Словенија и Р.Унгарија.
– Се уште не сме информирани за оваа одлука, но и тогаш и сега кажувам дека ние сме целосно транспарентни и отворени за сѐ што му треба на обвинителството во смисла на оваа истрага, вели Бојаџи за Инфомакс.
Телевизијата Алфа е основана во 2008 година. Мнозински сопственик во тоа време беше бизнисменот Штерјо Наков преку компанијата „Фершпед“. Во септември 2013 година српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ откупи 56 проценти од акциите на телевизијата.
Во 2017 година уделот на Јевросимовиќ го презеде унгарскиот државјанин Петер Шац и српскиот Горан Балаќ и од тогаш телевизијата е во нивни раце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈОГОКК за…
Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Бугарското обвинителство подигна обвинение против анестезилог за…
Окружното обвинителство на Пловдив подигна обвинение против…