Арсовска: Од Коња се вративме со пожарникарско возило
Во денешното издание на „Наше Скопје“ на Инфомакс, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека од Турција се вратила со противпожарно возило кое ќе послужи за возобновување на возниот парк на нашите херои, скопските пожарникари.
„Градот Коња ја истакна својата добра волја и со отворени раце ни пружија помош“.
Арсовска посочува дека нашата соработка нема тука да застане и оваа донација на противпожарното возило е само старт на една одлична врска меѓу овие два градови.
„Мора да ги зачуваме нашите граѓани со тоа што ќе им пружиме одлична опрема на нашите херои, односно противпожарните лица кои секојдневно се грижат за сигурноста на граѓаните да биде на највисоко ниво и затоа овој придонес од страна на нашите пријатели од Коња е почетокот“, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…
Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…