Инфлацијата за април изнесува 10,5 проценти!

t

Фокусот на монетарната политика е насочен кон одржување на ценовната стабилност, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишната меѓународна конференција „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“

„По речиси една декада на ниски стапки на инфлација, минатата година светот започна да се соочува со зголемена инфлација, предизвикана од шокови на страната на понудата. Пролонгираното и подисперзираното дејство на овие шокови доведе и до нагорни придвижувања кај инфлациските очекувања. Зголемените инфлациски очекувања, коишто во некои економии беа придружени и со притисоци од побарувачката, доведоа до постепено повлекување на монетарниот стимул. Имено, дел од централните банки веќе преземаат мерки за постепено нормализирање на монетарната политика заради одржување на среднорочната ценовна стабилност, посочи гувернерката на Народната банка.

Гувернерката посочи дека инфлацијата во земјите во регионот на Централна и Југоисточна Европа во април достигна просечено ниво од 11,4%. Инфлацијата е зголемена и во домашната економија (10,5% во Април), со оглед на исклучително високата трговска отвореност на земјата, што значи дека голем број на продукти што ги користиме се од увоз.

Со оглед на зголемените инфлациски очекувања и состојбата на девизниот пазар, Народната банка исто така започна со постепена нормализација на монетарната политика преку користење повеќе инструменти. Секој чекор во натамошниот период ќе зависи од макроекономските услови и очекувања и согледувањата на ризикот.

Гувернерката истакнува дека координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика е од особено значење за пребродување на новите предизвици коишто ги донесе војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…