Селмани: Ако Ахмети се повлече од лидерската позиција тоа ќе се одрази негативно на ДУИ
Во јавноста се поделени мислењата дали ДУИ е ДУИ само со Али Ахмети. Повеќето Албанци во Македонија сметаат дека ако Ахмети се повлече од лидерското место на партијата тоа ќе се одрази на ДУИ во смисла на тоа дека ќе се разбудат другите структури во партијата , вели Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг.
-Црвенковски замина од СДСМ, а Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ но овие партии го преживеаја тоа. Од друга страна, со заминувањето на Арбен Џафери неговата партија ДПА претрпе сериозни последици во смисла на популарноста кај гласачите, коментира Селмани.
Тој коментира дека ако помалите партии на Албанците во Македонија научат да соработуваат меѓу себе, тогаш е можно обединувањето на партиите да доведе до симнување на ДУИ од оваа позиција што ја има последниве 20 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…
ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…