Објавено на:

(Видео) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога вредна 300.000 евра: Детали за вчерашната акција на МВР

t

Вчера во прилепско, припадници на Министерството за внатрешни работи реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со наркотици, во која е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел Грција, при што е запленето околу 86 к.г. марихуана вреда околу 300.000 евра. Во акцијата е уапсено едно лице.

Во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4” со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи  две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.

-Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…